Дописници МКДОпштински вести

Прехранбени пакети од Струмица за семејства во Куманово и Дебар

Волонтери на општинскиот кризен штаб на Општина Струмица подготвија 700 прехранбени пакети за сиромашни семејства во општините Куманово и Дебар, кои се донација од семејството Заеви, соопшти волонтерот Александра Митева.

Струмица, 7 април 2020 (МИА) – Волонтери на општинскиот кризен штаб на Општина Струмица подготвија 700 прехранбени пакети за сиромашни семејства во општините Куманово и Дебар, кои се донација од семејството Заеви, соопшти волонтерот Александра Митева.

-Денес од овие пакети 500 ќе се испорачат во Куманово, а 200 во Дебар. Помошта ќе се испорача на место и во договорен термин со општинските кризни штабови. Истата ќе биде само доставена, a понатамошната дистрибуција ќе ја вршат тамошните кризни штабови преку своите волонтери, рече Митева.

Вакви пакети ќе се делат и во други општини се додека трае кризата. рт/аа/

Back to top button
Close
Close