Дописници МКДОпштински вести

Предвидени стипендии за идните средношколци во дуалните паралелки во Делчево

Сите ученици кои во учебната 2021/22 ќе се запишат во дуална паралелка во гимназијата „Методи Митевски - Брицо" ќе добиваат стипендија во месечен износ од 3.500 денари за девет месеци во годината. Од Средното-општинско училиште во Делчево информираа дека можност за стипендии ќе имаат и учениците од прва година во текстилно-кожарската струка.

Делчево, 15 мај 2021 (МИА) – Сите ученици кои во учебната 2021/22 ќе се запишат во дуална паралелка во гимназијата „Методи Митевски – Брицо” ќе добиваат стипендија во месечен износ од 3.500 денари за девет месеци во годината. Од Средното-општинско училиште во Делчево информираа дека можност за стипендии ќе имаат и учениците од прва година во текстилно-кожарската струка.

-За учениците кои ќе се запишаат во текстилно-кожарската струка, месечниот износ ќе изнесува 2.200 денари за девет месеци во годината. Исто така, според планираното имаме предвидено дуална паралелка со зголемен обем на практична обука, истакнаа од делчевската гимназија.

Оттаму додадоа дека за следната учебна година во прва година, гимназијата има на располагање слободни места за 195 ученици, кои ќе бидат распределени во 6 паралелки со настава на македонски јазик, според наставни планови и програми.
-Во гимназиско образование имаме предвидено 136 места за ученици, кои ќе бидат поделени во 4 паралелки. Останатите слободни места се за профилите од текстилно-кожарска струка, текстил, кожа и слични производи, образовниот профил техничар за изработка на облека или техничар за моделирање на облека, каде се предвидени места за 34 ученици и една дуална паралелка за Хемиско-технолошка струка со профил прехранбен техничар, додадоа од гимназијата.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни, од 14 до 17 јуни, од 23 до 25  јуни и на 30 јуни 2021 година. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close