0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Предлозите за заменик-министри денеска предадени во собраниската архива

Завршени се разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменик-министри и сите потенцијални ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредни други општествени обалсти кои се под надлежност на извршната власт, истакна премиерот Зоран Заев.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Завршени се разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменик-министри и сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредни други општествени области кои се под надлежност на извршната власт, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој денеска информира дека предлогот со сите документи, автобиографиите, односно ЦВ на кандидатите денеска се доставуваат до архивата на Собранието, завршена е целата процедура, потпишани се од негова страна и целиот предлог кога ќе стигне ќе може да биде објавен.

Најави дека денеска од владината прес-служба ќе бидат објавени имињата на сите предложени заменик-министри во Владата. цр/са/

Back to top button
Close
Close