Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Предлог – законот за отворање македонски КИЦ во Тирана помина на албанската комисија за надворешна политика

Предлог - законот за ратификација на Спогодбата потпшана меѓу владите на двете земји за отворање култрно - информативни центари во Скопје и Тирана денеска помина на парламентарната комисија за надворешна политика на Албанија.

Тирана, 27 јануари 2020 (МИА) – Предлог – законот за ратификација на Спогодбата потпшана меѓу владите на двете земји за отворање култрно – информативни центари во Скопје и Тирана денеска помина на парламентарната комисија за надворешна политика на Албанија.

На седницата со која раководеше претседателката Мими Кодели, образложение околу потребата од ратификација на Спогодбата и значењето на центрите во двете држави даде пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е член на комисијата.

-Фокусот на договорот е развој и зајакнување на соработката во областа на културата, ширење на албанската култура и нејзино претставување во Македонија и обратно. Ова ќе се постигне преку формирање културно – информативни центри во Тирана и во Скопје, кои ќе ја презентираат културата на соодветните земји преку организирање настани, изложби, литературни предавања, промоција на медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересирани граѓани од двете страни, рече  Стерјовски.

Посочи и дека културно – информативните центри ќе придонесат за унапредување на културна соработка и ќе дадат важен придонес за натамошно зајакнување на односите меѓу двете пријателски земји и добри соседи.

Откако денеска беше поддржан Предлог – законот, се очекува Спогодбата набрзо да се најде на дневен ред на албанскот законодавен дом за ратификација.

За разлика од Албанија, Северна Македонија го ратификуваше овој договор уште во мај и за директор на Центарот го назначи Златко Ориѓански, кој во септември лани реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратификацијата на Спогодбата.

Албанската влада го донесе Предлог – законот за ратификација на Спогодбата на петти декември 2019, по предлог на Министертвото за култура, по што беше доставен до Парламентот за ратификација.

Ова следуваше откако прашањето околу сé уште нератификуваниот договор од албанска страна, за отворање македонски културно-информативен центар во Тирана, на пленарна седница во албанскиот парламент го изнесе пратеникот Стерјовски кој два пати и писмено преку Парламентот побара од владата да ја достават Спогодбата за ратификација.

И македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагираше околу ова прашање и во име на Македонците во Република Албанија го искажа незадоволството поради нератифкацијата на договорот и ја повика Владата што побрзо да го достави до Собранието на Албанија за негова ратификација. вт/мч/

Back to top button
Close
Close