0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Предлог казни од по 800 евра за пет лица од Велес за прекршување на полициски час

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казни од по 800 евра против пет лица за непочитување на полициски час. 

Велес, 19 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казни од по 800 евра против пет лица за непочитување на полициски час.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавното обвинителство предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се теретат за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close