0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Предизборниот караван на Македонски концепт ги посети Велес и Штип

Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата им понудија синоќа на граѓаните во Велес и од Штип, Петар Богојески, носител во ИЕ 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова од Македонски концепт.

Велес/Штип, 27 јуни 2020 (МИА) – Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата им понудија синоќа на граѓаните во Велес и од Штип, Петар Богојески, носител во ИЕ 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова од Македонски концепт.

Во Велес Богојески, нагласи дека Македонски концепт ќе им понуди  извесна иднина на граѓаните во целата држава.

– Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци, изјави Петар Богојески.

Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од ИЕ 3. Таа потенцира дека во Велес особено внимание треба да се обрати на заштита на животната средина.

– Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава, потенцираше Костова Бочварова.

Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во ИЕ 3, истакна дека се убедени во нивната идеја, продолжуваме напред.

– Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме за нормална држава. Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија, рече меѓу другото тој. цр/са/

Back to top button
Close
Close