Оригинални текстови

Предавање на професор Чепреганов: Како конструктивно да се справиме се стресот?

Образованието, дијалогот, толеранцијата, способноста да се решат конфликти на мирен начин се одраз на зрела нација, на заедница и општество кое оди напред, посочи Проф. д – р Методи Чепреганов, на денешното свое предавање во Карпош, во просториите на Кинотека.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА)

Образованието, дијалогот, толеранцијата, способноста да се решат конфликти на мирен начин се одраз на зрела нација, на заедница и општество кое оди напред, посочи Проф. д – р Методи Чепреганов, на денешното свое предавање во Карпош, во просториите на Кинотека.

Професорот Чепреганов се осврна на повеќе клучни аспекти за правилен развој на една личност. Говореше за деструкцијата како вроден нагон, кој треба да го контролираме со зрелост, но и за стресот како надворешен фактор – причинител на поголем број психосоматски заболувања.

На денешното предавање се обрати и градоначалникот Стефан Богоев, кој посочи дека му е чест и лично задоволство што волку креативен и исклучителен научник е жител и заслужен граѓанин на Општина Карпош.

Покрај веќе стекнатите награди, градоначалникот Богоев му посака уште нови достигнувања и признанија кои допрва ќе следат.

Одделение за односи со јавност- Општина Карпош

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close