0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП (видео)

На 10 јули 1960 година во Париз, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на Европското првенство во 1960 година со резултат 2:1.

Нион, 10 јули 2021 (МИА) – На 10 јули 1960 година во Париз, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на Европското првенство во 1960 година со резултат 2:1.

Југославија поведе со голот на Милан Галиќ. Во второто полувреме Слава Метревели го изедначи резултатот, а во 113-та минута Виктор Понеделник го постигна победничкиот гол.

Турнирот во 1960 година беше првиот Европскиот фудбалски шампионат. На тоа Европско првенство учествуваа само четири репрезентации: СССР, Југославија, Чехословачка и Франција кои до завршницата дојдоа по квалификациите во кои се натпреваруваа 17 држави. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close