0_Web_Актуелно0_МИА Истражува.ПорталДописници МКДСторија

Пред 100 години формирано првото соколско друштво во Делчево

Делчево одбележува 100 години од формирањето на првото спортско друштво „Соколи“. Професорот Љупчо Прачкоски, кој подготвува книга за Делчево во која меѓу другото значајно место зазема и формирањето на соколското друштво, вели дека првото спортско друштво е формирано во 1920 година во услови кога во тогашно Царево Село имало многу малку услови за развој на спортот во градот. Друштвото се формирало благодарение на група млади и амбициозни чиј пат подоцна решиле да го следат и многу други.

Back to top button
Close
Close