0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Празнична изложба на книги во битолската универзитетска Библиотека

Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, по повод државниот празник 8. Септември отвори изложба на книги со избрани наслови.

Битола, 8 септември 2020 (МИА)Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, по повод државниот празник 8. Септември отвори изложба на книги со избрани наслови.

Станува збор за над 50 книги од македонски автори чии дела во наредните денови ќе ги видат и се потсетат читателите и членовите на НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола, истакна м-р Бојан Стефановски, директор на таа национална установа.

-Продолжуваме со востановената традиција. Во чест на државниот празник 8. Септември отворивме изложба на која меѓудругите изложени се делата „Македонија 1945-1991 , државност и независност“ од авторот Новица Велјановски, „Документи-за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, „Раѓањето на македонската нација“, „Македонија – настани, личности“, зборник на трудови од меѓународен научен собир одржан во 2011 година и други публикации кои ги избраа нашите стручни лица, појасни Стефановски.

Празничната изложба на книги е поместена во фоајето на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола. мт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close