0_Македонија.ПорталОпштество

Православните верници го слават Богојавление-Водици, нема положување на светиот крст годинава

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.  Годинава за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води. Наместо тоа, овој голем христијански празник ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Back to top button
Close
Close