БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Правила, упатства и препораки за Грците да се прилагодат на новото секојдневие

Задолжително носење маска за вработените и клиентите во одредени продавници и за одредени услуги, строга препорака за носење маска во јавниот превоз, силна препорака старите лица да продолжат да седат дома, строга препорака да се ограничи движењето на јавни места меѓу 12 часот и 6 часот, препорака за користење автомобили за избегнување гужва во јавниот превоз, препорака државните службеници да продолжат да работат од дома, промена во почеток на работното време, се дел од правилата, препораките и упатствата на грчката влада до граѓаните, како дел од планот за постепено префрлање во ново секојдневие, започнувајќи од 4 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 28 април 2020 (МИА) Задолжително носење маска за вработените и клиентите во одредени продавници и за одредени услуги, строга препорака за носење маска во јавниот превоз, силна препорака старите лица да продолжат да седат дома, строга препорака да се ограничи движењето на јавни места меѓу 12 часот и 6 часот, препорака за користење автомобили за избегнување гужва во јавниот превоз, препорака државните службеници да продолжат да работат од дома, промена во почеток на работното време, се дел од правилата, препораките и упатствата на грчката влада до граѓаните, како дел од планот за постепено префрлање во ново секојдневие, започнувајќи од 4 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Замениците- министри за развој и инвестиции, за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за цивилна заштита заедно со заменик-министерот задолжен за координација на работата на владата, веднаш по обраќањето на Мицотакис, детално го објаснија владиниот план.

Во однос на маската, задолжителна ќе биде употребата за вработените и посетителите на фризерските салони, берберниците, козметичките салони и останатите служби во кои има близок контакт, како и за вработените во супермаркетите и продавниците со храна. За јавниот превоз пак, владата строго препорачува да се носи.

Три олабавувања на мерките во мај

Во текот на следниот месец грчката Влада предвидува три фази на олабавување на мерките. Во првата фаза, од 4 мај граѓаните слободно ќе можат да се движат, меѓутоа нема да можат да се движат во други региони. Дозволена ќе биде физичка активност на отворено, но и на плажи. На граѓаните им се препорачува собирите да ги ограничат на најмногу десет лица. Паралелно црквите се отвораат за индивидуални молитви и посети, а започнуваат со работа и дел од продавниците.

Во втората фаза, на 11 мај, матурантите се враќаат во училишните клупи, подоцна ќе се отвораат останатите продавници (со исклучок на трговските центри и моловите), а ќе започнуваат со работа и авто школите, лотаријата и обложувалниците, додека пак црквите ќе ги отоврат вратите за верниците (17 мај).

Во третата и последна фаза за месец мај, почнувајќи од 18 мај ќе се отворат средните училишта, но и училиштата за странски јазици и дополнителна настава иако има силна препорака да се држи онлајн настава. Паралелно ќе се отоврат археолошките локалитети, ботаничките и зоолошките градини. Врз основа на текот на епидемијата, во оваа фаза се очекува и воведување на целосна слобода во движењето низ цела Грција.

Седум фази за отворање на продавниците

За продавниците и малопродажната трговија, заменик- министерот за развој и инвестиции Никос Папатансис ги презентираше седумте фази во текот на месец мај и месец јуни за постепено отворање. За секој од бизнисите ќе важат и посебни услови и правила, меѓу кои, носење маска, ограничен број клиенти, држење растојание и сл.

4 мај: отворање на 26.167од 260.000 бизниси и враќање на работа за 68.528 вработени. Се отвораат книжарници, оптики, продавница за спортска опрема, фризерски салони, берберници,центрите за техничка проверка на возила

Во зависност од големината на просторот, ќе биде ограничен и бројот на потрошувачи, односно ако е до 20 метри квадратни, дозволени се најмногу четири лица

11 мај: отворање на останатите продавници за малопродажба

18 мај: отворање на парковите, археолошките локалитети, ботаничките и зоолошките градини, лотаријата, обложувалниците (за сите ќе важат одредени ограничувања)

1 јуни: отворање на трговските центри со правило еден купувач на 20 метри квадратни со употреба на маска. Отворање на рестораните и кафулињата, но само во надворешен простор (треба да има најмалку два метри растојание меѓу масите, масите да бидат за најмногу четири лица, а вработените задолжително да носат маски и ракавици)

Останатите три фази се предвидени за месец јуни. Во петтата фаза ќе се отворат летните кина и хотелите што работат во текот на целата година. Во шестата фаза во текот на јуни, предвидено е отворање на игротеките и парковите за забава што се на отворено.

Во седмата и последна фаза во јуни, предвидено е целосно отворање на кафулињата и рестораните (и затворениот дел), баровите, ноќните клубови, туристичките и спортските објекти.

Државните службеници во три групи ќе почнуваат со работа

Од понеделник, на 4 мај одново започнува со работа јавниот сектор во Грција, како и локалната самоуправа, а заменик- министерот за внатрешни работи Теодорос Ливаниос соопшти дека онаму каде што постои можност ќе продолжи праксата за работа од дома, а за да биде побезбедно користењето на јавниот превоз и да се избегнат гужви, државните службеници на работа може да доаѓаат во три групи, во 7, во 8 или во 9 часот наутро.

Ливаниос соопшти дека ќе се отворат и спортските центри на отворено, но фитнес центрите и понатаму ќе бидат затворени.

За да се избегнат гужвите во јавниот превоз, со променето работно време ќе бидат и продавниците, додека пак заменик-министерот за транспорт и инфраструктура Јанис Кефалојанис соопшти дека во јавниот превоз ќе биде

задолжителна употреба на заштитна маска, како за вработените така и за патниците.

Предвидено е да се зголеми возниот ред, метрото и трамвајот да бидат почести, двојно да се зголеми бројот на автобуси.

Кефалојанис упати апел до граѓаните да го користат јавниот превоз само кога е неопходно, да се воздржат од непотребно движење, а оние кои имаат сопствени возила, тоа да биде нивната прва опција.

За темите поврзани со образовните институции, предвидено е во текот на утрешниот ден, министерката за образование да одржи прес конференција. ср/

Back to top button
Close
Close