0_Македонија.ПорталПолитика

Пратеникот Алими на Конференција на КОСАК во Загреб

Во рамките на Хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, координаторот на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција - ДУИ, Ејуп Алими, денеска и утре ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки - КОСАК, што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Загреб, 19 јануари 2020 (МИА) – Во рамките на Хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, координаторот на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција – ДУИ, Ејуп Алими, денеска и утре ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки – КОСАК, што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Собраниската прес-служна информира дека на Конференцијата, меѓу другото, ќе се расправа и за шестмесечната програма на ова претседателство, како и за хрватските приоритети за време на претседавањето со ЕУ, за што свое воведно излагање ќе има и премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. бк/

Back to top button
Close
Close