0_Македонија.ПорталПолитика

Пратениците повикани во 15 часот да бидат присутни во Собранието за седница за законот за ЈО

Се очекува дека до крајот на денот ќе заврши расправата, додека гласањето за двете законски решенија може да остане и за утре Попладнево, во 15 часот треба да почне седницата за законите за јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители, кои вчера ја поминаа процедурата во Комисијата за европски прашања и во Законодавно-правната комисија. Ова, според информации на „360 степени“, е договорено на денешната координација на спикерот Талат Џафери со шефовите на пратеничките групи, без ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува дека до крајот на денот ќе заврши расправата. Гласањето за двете законски решенија, според проценките, може да остане и за утре. За донесување на законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство, за кое владејачкото мнозинство верува дека е обезбедено. Сепак, од СДСМ велат дека гласањето ќе покаже дали има најмалку 80 гласа за поддршка на законот кој треба да биде аргумент плус за исполнување на европските критериуми пред следните состаноци на ЕУ. Од тоа како ќе тече расправата за законот за ЈО зависи продолжението или закажувањето на други пленарни седници до распуштањето на парламентот – до крајот на оваа седмица.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Постои можност денеска Собранието во 15 часот да одржи седница на која ќе се расправа за предлог-законот за јавно обвинителство и предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА собраниски извори, но сепак седницата се уште не е објавена на официјалниот сајт на законодавниот дом.

Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот,  кога треба да се одржи седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија, потврдија за МИА извори од владејачкото мнозинство.

Расправата за законот се очекува да заврши денеска, евентуално да се гласа денеска, но можеби и следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот. ац/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close