0_Спорт.ПорталФудбал

Прандели позитивен на коронавирус, Фиорентина во изолација

Тренерот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Чезаре Прандели, е позитивен на коронавирус, соопшти вечерва клубот од Фиренца.

Фиренца, 2 декември 2020 (МИА) – Тренерот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Чезаре Прандели, е позитивен на коронавирус, соопшти вечерва клубот од Фиренца.

Играчите и стручниот штаб ќе бидат изолирани пред мечот, кој „виолетовите“ треба да го одиграат против Џенова в понеделник, на рамки на 10. коло во Серија А.

Прандели се врати на клупата на Фиорентина пред три недели.

Под негово водство, Фиорентина има два порази во „калчото“ и победа против Удинезе во италијанскиот Куп. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close