0_Спорт.ПорталФудбал

Познато колку време ќе трае лекувањето на Садио Мане

Ова го потврди менаџерот Јирген Клоп.

Ливерпул, 28 јануари 2020 (МИА) – Водечкиот реализатор на Ливерпул, Садио Мане ќе ги пропушти и следните две средби, поради повредата што ја доби пред неколку дена.

Ова го потврди менаџерот Јирген Клоп.

Сенегалецот се жали на болка во мускулот по растегнување, принудувајќи го да се повлече во текот на првото полувреме од судирот со Вулверхемптон пред пет дена.

Тоа значи дека тимот од Мерсисајд ќе биде без Мане во натпреварите против Вест Хем утре и против Саутемптон во сабота.

– Имавме среќа што повредата не беше сериозна, објави Клоп.

Таг
Back to top button
Close
Close