0_Спорт.ПорталКошарка

Познати судиските тројки за женскиот Ф4-турнир во македонскиот кошаркарски куп

Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ги одреди и официјалните лица кои ќе се грижат за регуларноста на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ги одреди и официјалните лица кои ќе се грижат за регуларноста на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Првиот полуфинален натпревар, помеѓу екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка, кој стартува денес, од 14 часот, ќе го судат Митев, Данев и Стоева, додека во улога на делегат ќе биде Бошков.

Три часа подоцна, поточно од 17 часот, вториот полуфинален меч, Баскет КАМ – Вардар ќе го суди судиската тројка: Ѓорески – Петровски – Јакова, а улогата на делегат му е доверена на Анастасијевиќ.

Познати се и официјалните лица за натпреварот кој ќе го даде новиот освојувач на Купот. На теренот во СРЦ „Кале“, во сабота, од 17 часот, ќе бидат Златевски, Крстевски и Јакимовски, чија работа ќе ја контролира Велкоска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close