0_Спорт.ПорталОстанато

Познати сите полуфиналисти на Стенли купот 2021

Тимот на Вегас последен избори полуфинале во најсилната хокејска лига на светот, откако ноќеска го совлада Колорадо со 6:3 и со вкупни 4-2 во победи ја заврши четвртфиналната серија.

Лас Вегас, 11 јуни 2021 (МИА) – Тимот на Вегас последен избори полуфинале во најсилната хокејска лига на светот, откако ноќеска го совлада Колорадо со 6:3 и со вкупни 4-2 во победи ја заврши четвртфиналната серија.

Следни противници на Вегас ќе бидат Монтреал, кој претходно го елиминира Винипег со 4-0 во победи.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Тампа Беј и Њујорк.

Во второто коло од плејофот во НХЛ, Тампа Беј ја победија Каролина со 4-1, додека тимот на Њујорк ја заврши серијата со Бостон во шест натпревари (4-2). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close