0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Познати полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија

Екипите на Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс и Струга Трим Лум ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Скопје, 25 ноември 2020 (МИА) – Екипите на Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс и Струга Трим Лум ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Ова е епилогот по денешните четвртфинални средби на кои најголема победа забележа екипата од Ѓорче Петров, а најнеизвесно беше во Кратово каде победникот се одлучи по изведување пенали.

Резултати:

Академија Пандев – Шкупи 2:1
Беласица – Македонија ЃП 1:4
Силекс – Шкендија 4:2 на пенали (0:0 по 90 минути).
Струга Трим Лум – Ренова 1:0. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close