0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Познати двојките за четвртфиналето на ФА Купот

Манчестер Сити продолжува со одбраната на трофејот со гостување кај Њукасл, а Челси, кој го елиминира Ливерпул, оди на гостински терен кај Лестер на стадионот „Кинг Пауер“.

Лондон, 5 март 2020 (МИА)– Не се одиграа сите натпревари од осминафиналето на ФА Купот, но синоќа беше извлечена ждрепката за следната фаза на турнирот. Единствениот натпревар што сè уште не се одигра е помеѓу Манчестер Јунајтед и Дерби Каунти. Средбата е вечерва од 20:45 часот.

Манчестер Сити продолжува со одбраната на трофејот со гостување кај Њукасл, а Челси, кој го елиминира Ливерпул, оди на гостински терен кај Лестер на стадионот „Кинг Пауер“.

Арсенал ќе има и тешка задача бидејќи гостува кај Шефилд Јунајтед.

Норвич, кој по елиминацијата на Тотенхем по изведување на пенали, може да се соочи со Манчестер Јунајтед.

Натпреварите од четвртфиналето е предвидено да се одржат помеѓу 20 и 22 март.

Еве ги паровите:

Шефилд Јунајтед – Арсенал

Њукасл Јунајтед – Манчестер Сити

Норвич – Дерби / Манчестер Јунајтед

Лестер – Челзи

Таг
Back to top button
Close
Close