0_Магазин.ПорталДописници СветЗанимливости

Позната грчка пејачка одржа концерт на камион низ улиците во Атина (видео)

Со музика и песни денеска се наполнија улиците на Атина преку необичниот концерт што го одржа, познатата грчка пејачка Алкистис Протопсалти. Таа пееше додека се возеше на камион низ грчката престолнина, застанувајќи и пред премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 25 април 2020 (МИА) – Со музика и песни денеска се наполнија улиците на Атина преку необичниот концерт што го одржа, познатата грчка пејачка Алкистис Протопсалти. Таа пееше додека се возеше на камион низ грчката престолнина, застанувајќи и пред премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Концеротот е дел од иницијативите на општина Атина, а почна со пораката „Остануваме дома, остануваме оптимисти, ги отвораме прозорците, излегуваме на терасите“.

Камионот „Од улица, со љубов“ помина низ повеќе атински населби, а застана и пред премиерската палата, а песните на Протопсалти „го натераа“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да направи пауза од денешните состаноци и да излезе да ужива во музиката заедно со неговите соработници. ср/ми/ 

Posted by Alkistis Protopsalti Official on Сабота, 25 април 2020

Таг
Back to top button
Close
Close