Дописници МКДОпштински вести

Познат бројот на слободни места за упис во тетовските училишта

Во тетовските училишта за првоодделенци има 1.739 слободни места, додека за во прва година средно образование вкупно 3.600. Ова се бројките утврдени од општинскиот Сектор за јавни дејности во насока на подготовка за упис на првачиња и нови среднопколци.

Тетово, 18 мај 2020 (МИА) – Во тетовските училишта за првоодделенци има 1.739 слободни места, додека за во прва година средно образование вкупно 3.600. Ова се бројките утврдени од општинскиот Сектор за јавни дејности во насока на подготовка за упис на првачиња и нови среднопколци.

Согласно владината одлука поради состојбата со коронавирусот, запишувањето на децата во градинки и во прво одделение наместо досегашната практика во мај се поместува во јуни, потсетуваат од општинскиот Сектор за јавни дејности.

Владата на крајот на април одлучи рокот за запишување да биде и подолг па наместо еден месец, ќе трае 45 дена, од 1 јуни до 15 јули.

-Според евиденцијата на децата родени 2014 година има места предвидени за 1.739 ученици во прво одделение. Сепак, не очекуваме толкава бројка на првачиња со оглед на миграцијата на населението надвор од Тетово или надвор од државата. Се очекуваат околу 1.200 или 1.300 првачиња. Минатата 2019/2020 имаше запишано 1.040 првачиња во рамки на општина Тетово, истакна Ахмед Ќазими, раководител на Секторот.

Минатата година во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски.

Исто како за првачињата и уписите во градинките ќе започнат во текот на јуни. За средношколците уписите се во трите уписни рокови во јуни 16 и 17 јуни, 24 и 25 јуни и 29 јуни.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close