Дописници МКДОпштински вести

Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден

Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА изјавија дека нивни екипи и екипи од подружницата на ,,Национални шуми” по неколку часа интервенција на терен, го локализирале пожарот.

Кавадарци, 2 август 2020 (МИА) – Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА изјавија дека нивни екипи и екипи од подружницата на ,,Национални шуми” по неколку часа интервенција на терен, го локализирале пожарот.

Ветерот го носел огнот на кај селото Ресава, па во гаснењето учествувале и луѓе кои денеска се нашле во близина. Имало и увид на лице место од страна на полицијата. Пламенот навлегол и во една викендичка и дошол до првите куќи во селото, па навремената интервенција спречила поголеми последици. свд/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close