0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталДописници МКДМакедонија.СлајдерОпштество

Пожарот кај Робово и Умлена сè уште активен

Огнената стихија сè уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово, кои се најзагрозени од пожарот што цела ноќ гореше во нивна близина.

Пехчево, 5 август 2021 (МИА) – Огнената стихија сè уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово, кои се најзагрозени од пожарот што цела ноќ гореше во нивна близина.

Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сè уште е ситуацијата кај Умлена, каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е сè поблизу.

– Утрово имаше хеликоптер во извидница, очекуваме наскоро да дојдат други хеликоптери и да почне да се гаси огнот. Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Мачевски.
Во гаснењето од вчера се вклучи и тимот од 25 пожарникари од Бугарија. Комесарот на единицата од Благоевград, Георги Пармаков, информира дека веднаш по пристигнувањето им биле доделени задачи и дејствувале на поголем простор во Пехчевско до доцна во ноќта, а продолжуваат да пружаат помош и од утрово.
Во меѓувреме на Фејсбук, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, истакна дека три српски и еден наш хеликоптер се на пат кон опожареното подрачје со цел да ја пружат потребната помош.
Од полицијата информираа дека по стабилизирањето на ситуацијата е пуштен за сообраќај и патот Делчево – Пехчево – Берово, кој синоќа поради алармантната состојба беше пренасочуван преку алтернативни патни правци.
– Патот е пуштен за сообраќај и возилата кои се движат на овој патен правец не се задржувани. Од она што можеме да го кажеме засега ситуацијата е помирна, велат од полицијата.
Последните информации околу вториот пожар кај маалото Пасјак, во делчевското село Нов Истевник говорат дека тој е под контрола. Во гаснењето на пожарот синоќа кај Пасјак беа ангажирани 2 возила и 40 луѓе, кои дежураа цо текот на ноќта. вс/бак/

Back to top button
Close
Close