Дописници МКДОпштински вести

Пожарникари од Крањ, Словенија ќе ги обучуваат колегите од ТППЕ – Кочани

Претставници од Противпожарната едница на Крањ, Република Словенија, дојдоа во работна посета на Територијалната противпожарна единица во Кочани, при што во наредниот период ќе реализираат практична обука за своите македонски колеги.

Кочани, 21 јуни 2021 (МИА) – Претставници од Противпожарната едница на Крањ, Република Словенија, дојдоа во работна посета на Територијалната противпожарна единица во Кочани, при што во наредниот период ќе реализираат практична обука за своите македонски колеги.

Посетата е во рамки на долгогодишната меѓународна соработка на двете противпожарни единици, во чии рамки кочанските поажрникари добија донации во опрема.

– Задоволни сме што периодите на обуки можеме да ги поминеме разменувајќи искуства од нашите колеги и пријатели од Крањ. Ова е соработка што трае втора деценија и ќе поминеме драгоцени часови учејќи од нив. Конкретно, деновиве ќе го реализираме завршниот дел од обуката за користење на специјалното возило со скала за интервенции на големи височини, коешто го добивме како донација од Противпожарната единица од Крањ, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Мината година словенечките поражникари донираа наменско возило со 32-метарска скала, со што противпожарната единица од Кочани се најде меѓу ретките во државата кои обезбедија зголемена ефикасност во спасувањето човечки животи на голема височина. Градоначалникот Николчо Илијев ѝ додели благодарница на Противпожарната единица од Крањ и повика соработката да продолжи.

– Кочани му благодари на Крањ за огромната поддршка во пожарникарската дејност. Сметам дека добро опремени и обучени пожарникари се од огромна важност за секоја локална заедница, затоа ќе продолжиме да ги унапредуваме техничките и човечките ресурси во нашата Територијална единица и да градиме мостови на пријателство што ќе нѐ прават побогати со знаење, а со тоа и повредни, истакна градоначалникот Илијев.

Во составот на крањската екипа се командирот на Противпожарната единица, механичар и четворица професионални пожарникари.та/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close