0_Web_АктуелноВидео изјаваДописници МКДОпштински вести

Пожарникари и доброволци неколку часа го гасат пожарот во Богословец

Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе околу шест часа се ангажирани за гасење на пожарот во селото Богословец, кој избувна попладнево. Александар Данев од Друштвото изјави дека биле повикани од службите да помогнат во гасење и справување со пожарот кој се уште не е ставен под контрола.

Свети Николе, 5 август 2021 (МИА) – Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе околу шест часа се ангажирани за гасење на пожарот во селото Богословец, кој избувна попладнево. Александар Данев од Друштвото изјави дека биле повикани од службите да помогнат во гасење и справување со пожарот кој се уште не е ставен под контрола. 

-Сега не дислоцираа на друго место, односно во штипската област каде што ќе треба да се справиме уште со еден пожар. Сега допрва треба да одиме на терен да видиме што се случува. Моментално на Богословец се останати професионалните пожарникари, Шумското, доброволци од градот Свети Николе, како и од околните села. Значи, луѓе кои самоиницијативно се дојдени. Полицијата е таму на терен, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и во тек е справување со огнот и во ноќни услови. Нема престанување, се со цел да не се прошири на поголема територија, изјави Данев. 

Од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе во моментов на терен се 10 луѓе, а, како што рече, за пожарот во Богословец се ангажирани поголема група луѓе,  професионалци, но и луѓе од селото, од другите села и од градот.  

Данев вели дел од селото е опожарено, шумската кооперација. гори и шума, и сува трева, има опожарени куќи, стопански и  други објекти. вдј/хс/ 


 

Back to top button
Close
Close