БалканБалкан.ПорталДописници СветНекатегоризирано

Пожари на грчките острови Евија и Крит

Големи пожари избија денеска на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително го отежнуваше гаснењето и напорите, по неколку часа, огнените јазици да бидат ставени делумно под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 јули 2020 (МИА) – Големи пожари избија денеска на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително го отежнуваше гаснењето и напорите, по неколку часа, огнените јазици да бидат ставени делумно под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Единица од Дирекцијата за справување со подметнати пожари, по наредба на началникот на Противпожарната служба на Грција, заминува за островот Евија за да ги истражи причините за пожарот.

Противпожарните сили дополнително биле засилени и на терен се вкупно 57 пожарникари, 20 возила, два пешадиски тимови, два авиони и еден хеликоптер.

На Крит, според локалните медиуми, пожарот бил во близина на населено место и делумно е ставен под контрола, а во гаснењето учествуваат 15 пожарникари со седум возила.ср/зш/

Back to top button
Close
Close