ЕвропаЕвропа.Портал

Пожар во германска зоолошка градина, угинаа многу животни

Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година угинале голем број животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

Берлин, 1 јануари 2020 (МИА) – Во пожар кој избувнал во зоолошка градина во германскиот град Крефелд во првите часови од Новата година угинале голем број животни, соопштија денеска локалните власти кои не ги коментираа наводите на медиумите дека огнот го предизвикал новогодишен огномет.

Изгорел цел објект со мајмуни и сите животни кои биле во него се мртви, соопштија претстaвници на зоолошката.

Се уште не се знае причината за пожарот, а во тек е истрага за несреќата. јт/ 

Таг
Back to top button
Close
Close