Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Пожар на грчки товарен брод во Арапското Море

Товарен брод во сопственост на грчка бродска компанија, се запалил додека пловел во Арапското Море од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка, a во тек се напорите на спасувачки екипи од Индија за пожарот да се стави под контрола, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 19 август 2020 (МИА) – Товарен брод во сопственост на грчка бродска компанија, се запалил додека пловел во Арапското Море од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка, a во тек се напорите на спасувачки екипи од Индија за пожарот да се стави под контрола, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, карго бродот „Фанеромени“ што плови под грчко знаме е празен, односно без товар, има 18 члена на екипажот, од кои пет се Грци, а пожарот избувнал околу четири часот утрово. ср/сд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close