0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Пожар избувнал вчера во Клиниката за инфектологија

Вчера попладнето било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за инфектологија при комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Вчера попладнето било пријавено дека избувнал пожар во Клиниката за инфектологија при комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

– Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител. фф/ац/

 

 

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close