0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци над Дебар

Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот.

Дебар,13 март 2020 (МИА) – Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот.

Веднаш по дојавата, Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ се на терен во гаснење на пожарот, но поради недостапниот терен тоа оди тешко.

Според Командирот на единицата Џетан Мифтароски зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума.

Првичните сознанија наведуваат дека прична за избувнувањето на пожарот е човечка негрижа.

Во овој дел над градот во овој период од годината, чести се пожарите поради невниманието на оние кои ги чистат земјоделските површини или се оди на излет. вт/мд/

Back to top button
Close
Close