Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Повторно судир меѓу Турците и Курдите во Виена

Во Виена синоќа, трета вечер по ред, дојде до физички судир меѓу Турците и Курдите, во кој се повредени и полицајци.

Виена, 27 јуни 2020 (МИА) – Во Виена синоќа, трета вечер по ред, дојде до физички судир меѓу Турците и Курдите, во кој се повредени и полицајци.

Како и во средата вечер, група Турци, за кои властите тврдат дека се поддржувачи на организацијата „Сивите волци“, ги провоцирале демонстрантите од левичарските организации и Курдите.

Вербалните провокации предизвикаа загревање на ситуацијата и пресметка на поединечни членови на двете групи.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека Австрија не толерира пренесување конфликти од Турција на австриските улици.

Како општество и полиција, ние мора решително да се спротивставиме на овие радикални сили. Во правна држава, како што е Австрија, нема место за екстремизам, истакна Нехамер.

Тој додаде дека нападите врз полицијата се напад врз демократијата и правната држава.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг порача  дека тој нема да дозволи никој да го загрози мирниот соживот.

– Отфрламе секакво насилство затоа што за насилството нема место во нашиот град, истакна тој.

Министерката за интеграција Сузана Раб изјави дека не сака судири меѓу групи мигранти на улиците на Виена.

Кој сака да живее во Австрија, мора да се придржува кон австриските закони и вредности. Во Австрија не смееме да дозволиме ситуација како во француските предградија , истакна Раб. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close