Дописници МКДОпштински вести

Повторно се чисти дивата депонија пред кумановската населба „Перо Чичо“

По четврт пат во годинава, повторно се чисти „дивата“ депонија пред влезот на кумановската населба „Перо Чичо“. Во чистењето, вклучени се екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и совесни граѓани од локалната заедница. Несовесни граѓани, поединци ја полнат оваа локација со ѓубре, смет, шут. Според податоците на надлежните денеска собрани се околу 100 кубни метри ѓубре.

Куманово, 5 септември 2020 (МИА) – По четврт пат во годинава, повторно се чисти „дивата“ депонија пред влезот на кумановската населба „Перо Чичо“. Во чистењето, вклучени се екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и совесни граѓани од локалната заедница. Несовесни граѓани, поединци ја полнат оваа локација со ѓубре, смет, шут. Според податоците на надлежните денеска собрани се околу 100 кубни метри ѓубре.

– Апелираме до сите поединци, несовесни да не фрлаат ѓубре на оваа локација. Имаме поставено и садови за смет. Цените за депонирање на отпад на депонијата Краста се прикладни. Ги молиме граѓаните совесно да се однесуваат, инаку во соработка со надлежни институции ќе преземеме мерки за казнување-изјави директорката на ЈП „Чистота и Зеленило“, Цветанка Ивановска.

Таа најави дека и наредниот период ќе продолжат со акции секој викенд за расчистување на дивите депонии на повеќе локации во Куманово.

-Оние граѓани кои ќе забележат оставање и фрлање на ѓубре ги замолуваме да ги фотографираат поединците и да ја пратат и до претпријатието и до општината, вели Ивановска.

Оваа недела токму на оваа локација интервенираа пожарникарите од ТППЕ Куманово. Речиси секојдневно гори оваа депонија и го загадува воздухот во Куманово. Претходно општината и граѓанска организација поставија и лулашки, клацкалки и создадоа детско катче, во близина на локацијата.

Кумановци бараат проактивен пристап од надлежните институции во однос на санкционирањето на несовесните граѓани кои не се грижат за животната средина и кои фрлаат смет на оваа локација која се наоѓа во поширокото централно градско подрачје. ам/ев/

Back to top button
Close
Close