Дописници МКДОпштински вести

Повторно се чисти дивата депонија покрај патот Струмица – Валандово

На неколку километри од излезот на Струмица, на патниот правец кон Валандово, повторно никна дивата депонија, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Струмица, 15 јануари 2020 (МИА) -На неколку километри од излезот на Струмица, на патниот правец кон Валандово, повторно никна дивата депонија, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

-И покрај тоа што на локацијата е поставена табла дека е забрането фрлање отпад, несовесни граѓани и компании повторно ја „отворија“ веќе исчистената дива депонија, посочуваат од струмичкото комунално петпријатие.

Екипи на комуналното претријатие почна со чистење на депонијата и при тоа апелираат граѓаните да се однесуваат поодговорно и да не го фрлат тука градежниот шут и отпад, туку да се обратат до ЈПКД „Комуналец“ за да биде подигнат. рт/вг/

Back to top button
Close
Close