Svet.SlajderСветСвет.Портал

Повторно раст на цената на златото

Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Порастот на цената на златото се должи на  новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата

Њујорк, 24 јуни 2020 (МИА) – Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Порастот на цената на златото се должи на  новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата.

Цената на унца злато денеска се зголеми за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. Додека на американските берзи цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749, 30 долари.

Побарувачката за злато е поттикната од загриженоста поради зголемениот број на инфицирани со новиот коронавирус.

Централните банки низ целиот свет веќе ги зголемија мерките за стимулирање, а и ги задржаа на ниско ниво каматни стапки, со цел да ги ублажат ефектите од пандемијата врз економијата.

Во такво опкружување, инвеститорите сакаат да се осигурат од зголемување на инфлацијата и пад на валутите, така што тие сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава забележа пораст за повеќе од 16 проценти. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close