Дописници МКДОпштински вести

Повторно проработи хигиено епидемиолошката служба во Валандово

Во Здравствениот дом во Валандово по подолг период повторно е ставена во функција хигиено епидемиолошката служба која на граѓаните им нуди неопходни дијагностички услуги поради кои досега беа принудени да патуваат надвор од општината.

Гевгелија, 22 јануари 2020 (МИА) – Во Здравствениот дом во Валандово по подолг период повторно е ставена во функција хигиено епидемиолошката служба која на граѓаните им нуди неопходни дијагностички услуги поради кои досега беа принудени да патуваат надвор од општината.

– Оваа новина е голем бенефит за граѓаните заради тоа што нема повеќе да патуваат за да ги добијат здравствените услуги поради кои долго време беа изложени на дополнителни материјални трошоци и непријатности, рече денеска Роберт Марков, директор на валандовскиот Здравствен дом.

Марков не сакаше да шпекулира за причините поради кои службата не работеше, но посочи дека нејзиното рестартирање барало голем напор од менаџментот на установата.

Примероците кои ќе се земаат од ХЕС Валандово со организиран превоз и на соодветен начин ќе бидат транспортирани за испитување во Центарот за јавно здравје во Струмица.им/са/

Back to top button
Close
Close