0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вести

Повторно приватни тестови за Ковид-19 во Охрид

Центарот за јавно здравје Охрид од вчера повторно врши тестирања за присуство на Ковид-19. Станува збор за услога што можат да ја користат граѓаните за евентуална своја потреба, односно тестирањето е на нивен товар.  

Охрид, 12 февруари 2021 (МИА) – Центарот за јавно здравје Охрид од вчера повторно врши тестирања за присуство на Ковид-19. Станува збор за услога што можат да ја користат граѓаните за евентуална своја потреба, односно тестирањето е на нивен товар.

Земањето брисеви се спроведува во ковид-пунктот што се наоѓа во Центарот, во периодот од 7:30 до 9:30 часот, сите денови освен недела. Анализата на примероците се спроведува во Институтот за јавно здравје во Скопје, а резултатите тестираните ќе ги добиваат по пат на електронска пошта истиот ден попладнето.

Цената на услугата изнесува изнесува 2.550 денари.аб/бт/ 

Back to top button
Close
Close