0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Повторно прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа

Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, информира АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Повторно е воспоставен прием на поштенски пратки за САД и одреден број држави од Европа, информира АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје.

Оттаму истакнуваат дека  се во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и оти своето меѓународно работење го прилагодуваат на постојната состојба откако пандемијата на Ковед-19 во државите ширум светот предизвика значителни промени и во меѓународното поштенско работење.

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк: http://ДРЖАВИ за кои може да се праќаат поштенски пратки    , а тој се ажурира согласно околностите во државите.

Од националната пошта ги повикуваат сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

Последната денешна ажурирана состојба покажува дека поштенски пратки може да се испраќат во Австрија, Албанија, Англијам Аргентинха, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Индија, Италија, Израел, Јапонија, Коосво, Летонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија, Хонг Конг, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска и Шпанија.

– АД „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи, стои во објавата на веб страницата на поштенското претпријатие. лв/сп/

Back to top button
Close
Close