Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Повторно нападнати лондонските полицајци, кои се обиделе да прекинат нелегална забава

Полицијата во Лондон синоќа повторно беше нападната кога се обидела да ги растера учесниците во нелегална улична забава во Нотинг Хил

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Полицијата во Лондон синоќа повторно беше нападната кога се обидела да ги растера учесниците во нелегална улична забава во Нотинг Хил.

Претходната вечер што беа повредени 22 полицајци во Брикстон кои се обиделе да растераат околу 400 луѓе кои присуствувале на недозволена музичка манифестација.

Во Англија се уште се во сила превентивните мерки со кои е забрането собирање на поголем број луѓе, поради што таквите настани се сметаат за нелегални

Разбираме дека луѓето се фрустрирани по повеќемесечниот карантин, дека сакаат да се дружат, но овие илегални музички собири се неприфатливи, како и нападите врз полицајците, изјави британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close