Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Повторно инциденти на грчко – турската граница кај Еврос

Со молотиви коктели, дрвја и камења, вчера, мигрантите и бегалците собрани на турската страна од границата со Грција, кај Еврос, ги нападнаа грчките полициски сили, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 12 март 2020 (МИА) – Со молотиви коктели, дрвја и камења, вчера, мигрантите и бегалците собрани на турската страна од границата со Грција, кај Еврос, ги нападнаа грчките полициски сили, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, тие запалиле огнови и се обиделе да ја урнат заштитната гранична ограда, а грчката полиција одговорила со солзавец за да спречи нелегален влез.

Грчкиот министер за цивилна заштита, заедно со извршниот директор на Фронтекс, денеска се во посета на грчко – турската граница кај Еврос. ср/сд/

Back to top button
Close
Close