Дописници МКДОпштински вести

Повреден 74-годишник при пожар во куќа по експлозија на решо на плин

Седумдесет и четиригодишен жител на Тетово е повреден откако се обидел да го изгаси пожарот дома предизвикан по експлозија на решо на плин за кафе. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат.

Тетово, 30 април 2020 (МИА) – Седумдесет и четиригодишен жител на Тетово е повреден откако се обидел да го изгаси пожарот дома предизвикан по експлозија на решо на плин за кафе. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат.

– Вчера во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека при експлозија на плинско шише, избувнал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се задобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово, инфомираат денес од СВР Тетово.

Увид во куќата извршила екипа од СВР Тетово. ас/нд/

Back to top button
Close
Close