Општество

Повик за правни субјекти за вклучување во практикантска програма преку проектот „МладиХаб“ на НМСМ

Во рамки на компонентата за градење на вештини кај младите, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвора повик за правни субјекти, граѓански организации и претпријатија, кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот.

Скопје, 19 јули 2021 (МИА) – Во рамки на компонентата за градење на вештини кај младите, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвора повик за правни субјекти, граѓански организации и претпријатија, кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот.

Преку овој проект, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.

Граѓанските организации и претпријатијата кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат поврзување со соодветен практикант во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ, покривање на нето месечен надомест од 12.500 денари во времетрање од два месеци за практикантот, поддршка во процесот на практиканство и потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма.

– Во склоп на првата компонента на проектот ќе се реализира практикантска програма преку која ќе обезбедиме надоместок за практикантот како и фирма/граѓанска организација во која ќе се одвива практикантството. Преку програмата е планирано да се опфатат 100 млади лица на возраст од 16 до 29 години, стои во соопштението од НМСМ.

Дополнуваат дека со цел да се опфатат 100 млади лица кои ќе бидат дел од практикантската програма, отвориле и повик за правни субјекти кои се заинтересирани во своите канцеларии да примат практикант/и.

Од НМСМ велат дека сите правни лица за кои Советот ќе мапира соодветен практикант ќе бидат контактирани со цел поврзување со практикантот и подготовка за реализација на практиканството. НМСМ ќе понуди целосна поддршка во времетраење на практикантската програма. Практикантската работа се очекува да започне најдоцна до октомври 2021 година, а ќе трае два месеци.

Заинтересираните граѓански организации и претпријатија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на пријавата која е достапна на следниот линк.

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Републиката, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. ар/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close