Општински вестиСкопје

Повик за поддршка на домаќинствата во Лисиче за воведување енергетска ефикасност

Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП), во соработка со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање објави повик за избор на домаќинства во населба Лисиче кои ќе бидат парично поддржани со цел да воведат мерки за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и да придонесат кон намалување на загадување на воздухот.

Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП), во соработка со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање објави повик за избор на домаќинства во населба Лисиче кои ќе бидат парично поддржани со цел да воведат мерки за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и да придонесат кон намалување на загадување на воздухот.

Домаќинствата во населба Лисиче ќе добијат парични средства во висина до 10.000 американски долари, односно 521.922 денари.

Финансиската поддршка за воведување на мерките е обезбедена од страна на шведската Влада преку проектот „Справување со загадување на воздух во градот Скопје“.

Населба Лисиче според мерењата на загаденост на воздухот е најкритична во Скопската котлина.

Имајќи ги предвид местоположбата и карактеристиките на населбата Лисиче, индивидуални објекти за домување, близната на станицата за мониторинг на квалитет на воздух на МЖСПП, растојанието од индустриските капацитети, доминантниот начин на загревање на домовите со огревно дрво и слично, оваа зона е предложена од експертите како тест област во која треба да се спроведат мерки за зголемување на енергетската ефикасност на домовите, како еден од начините да се намали емисијата на штетни честички во воздухот.

Поддршката обезбедена преку проектот ќе биде во вид на материјали и опрема, а не како директни финансиски трансфери на избраните домаќинства.  За кофинансирање ќе се прифати инвестирањето во опрема и/или материјали согласно препораките од енергетската контрола.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги прочитаат условите и да  аплицираат на веб страната за животна средина на Град Скопје. ки/са/

Back to top button
Close
Close