0_Македонија.ПорталОпштество

Повик за истражувачка и за додипломска студентска програма на Јапонија

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма.

Повикот за аплицирање на македонски и на албански јазик е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје. Во повикот објавен и на веб-страницата на Министерството за образование и наука се наведени линковите каде што може да се добијат повеќе информации за начинот на  пријавување за програмите.

Потребните документи може да се достават до Амбасадата на Јапонија во Скопје, на адреса: „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа Центар, 6 кат, 1000 Скопје, најдоцна до 27 јули 2020.

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за втората половина на август 2020.

За дополнителни прашања во врска со програмата и за начинот на аплицирање, заинтересираните може да се информираат во  Амбасадата на Јапонија, по електронска пошта на info@sk.mofa.go.jp или на телефонскиот број 3118-063. хс/дма/

Back to top button
Close
Close