0_Македонија.ПорталОпштество

Повик за апликации од Мировен корпус Северна Македонија

Мировен корпус Северна Македонија го отвори повикот за апликации од училишта, невладини организации, општини и останати организации фокусирани на развој на заедниците.

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Мировен корпус Северна Македонија го отвори повикот за апликации од училишта, невладини организации, општини и останати организации фокусирани на развој на заедниците.

Волонтерите на Мировен корпус им помагаат на организациите низ земјава од основањето на Корпусот во 1996 година.

Секоја година во декември, околу 50 волонтери од САД почнуваат соработка со локални училишта, невладини организации, општини (или комбинација од сите) за да помогнат каде што е потребно и да ги подобрат нивните капацитети.

Волонтерите на Мировен корпус работат во три клучни програми: Развој на заедниците; Англиски јазик и Инклузивно образование.

Сите организации што се заинтересирани  да работат со волонтер на Мировен корпус треба да испратат апликациja најдоцна до 10 април 2020. Апликациите може да се преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука. хс/вј/

 

Back to top button
Close
Close