0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Повик на Општина Тетово за субвенционирање за набавка на инвертери

Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање инвертер клима-уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување мерки за унапредуавње на животната средина. Граѓаните може да искористат субвенција со максимален износ од 62 илјади денари, а 1500 е максималниот број на домаќинства кои може да добијат ваква помош.

Тетово, 11 август 2020 (МИА)Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање инвертер клима-уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување мерки за унапредуавње на животната средина. Граѓаните може да искористат субвенција со максимален износ од 62 илјади денари, а 1500 е максималниот број на домаќинства кои може да добијат ваква помош.

Има четири услови за добивање субвенција – да се биде жител на општина Тетово, да нема искористено субвенции за затоплување на домаќинството, до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва или нафта и станот во кој живее барателот да не е во фаза на изградба.

Само едно лице по  домаќинство  (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок, при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди но барателот мора да ги исполни условите од јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавка на сите уреди нема да надмине повеќе од 62.000 денари,  со вклучен  и пресметан  персонален данок на доход по домаќинство кој се исплаќа преку  општина Тетово, појаснија од општина Тетово.

Листата на потребни документи, рокови и постапката се објаснети на веб-страницата на општина Тетово. ас/хс/

Back to top button
Close
Close