Дописници МКДОпштински вести

Повик на Црвен крст Струга за обука за спасители на отворени води

Општинската организација на Црвен крст Струга денеска објави повик за обука за спасители на отворени води за потребите на Центарот за безбедност на вода.

Струга, 25 мај 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Струга денеска објави повик за обука за спасители на отворени води за потребите на Центарот за безбедност на вода.

Обуката, како што е посочено во повикот, ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода (ILSF), а се состои од теоретски и практичен дел. Според најавата, ќе се реализира во втората половина на јуни.

Заинтересираните кандидати, како што е наведено, да се на возраст од 16 до 35 години, да достават соодветен доказ (извод на родени, лична карта), да знаат да пливаат и да имаат психофизички предиспозиции за спорт и да достават потврда за здравствена способност за спорт и спортски активности, не постара од шест месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Повикот ќе трае до 15 јуни, а кандидатите може да се пријават во просториите на Црвен крст Струга, на улица „Ристо Крле“ бб, секој работен ден од 9 до 15 часот или на телефоните 046 786 014 и 075 342 340.

Учесниците кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со лиценца за спасител на вода, а Црвен крст Струга ќе им обезбеди и понуди платен ангажман на капалишта во летната сезона 2021. сс/хс/

Back to top button
Close
Close