Општество

Поведена постапка за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Гостиварското обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.

За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ ир/

Таг
Back to top button
Close
Close