0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Поведена истрага за родосквернавење и обљуба на немоќно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани, наведоа од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ см/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close