0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Повеќето реки под септемврискиот просек

Повеќето реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат пад на нивоата под просекот за септември.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – Повеќето реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат пад на нивоата под просекот за септември.

Според УХМР, драстични намалувања бележат Вардар кај Јегуновце и Црн Дрим кај Ложани.

Зголемени се водостоите само на Вардар кај Скопје и Влес и на Црна Река кај Новаци.

Состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, не бележи поголеми промени. мч/дма/

Back to top button
Close
Close